Василичарите од Боемска ве покануваат заеднички да го одбележиме празникот Василица, на 14 јануари 2025, со почеток во 16:00 часот на Боемска улица, Дебар Маало.
-Дојдете да се дружиме и заедно да бидеме хумани!
Сите средства собрани од продажбата на македонските традиционални јадења, како и греана ракија, греано вино и друго, ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.
Дa им помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Во духот на празниците,да бидеме солидарни и хумани“, потенцираат од „Василичарите од Боемска“.
Воедно, се надеваме дека со медиумската поддршка на настанот дополнително ќе ја поттикнеме хуманоста и солидарноста кај нашите сограѓани, наведуваат од Здружение на грѓени за негување на традицијата и хуманитерни дејности „Василичарите од Боемска“.