Скопје Државен празник

Утре и во понеделник бесплатен паркинг на повеќе локации во Скопје

По повод празникот „Св. Климент Охридски“ во понеделник и паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Утре и во понеделник бесплатен паркинг на повеќе локации во Скопје

За време на државниот празник „Свети Климент Охридски“, утре и во понеделник на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, односно во зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.

-Редовна наплата ќе се врши во зона А0- Водно, во катните гаражи „Беко“ и „26ти Јули“ и на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза, соопштуваат од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

По повод празникот „Св. Климент Охридски“ во понеделник и паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.

-Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи во вторник (10 декември) со вообичаено работно време. Од ова исклучок е паркиралиштето Дилајла кое е со автоматска наплата, соопштуваат од ПОЦ.

To top