Скопје

Утре без вода улиците „Струшка“ и „Јуриј Гагарин“

Утре без вода улиците „Струшка“ и „Јуриј Гагарин“

Поради дефект на улица „Струшка“ 4, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.„Струшка“ и дел од „Јуриј Гагарин“.

Водоснабдувањето, како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

To top