Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека, на ден 12.04.2024 година (петок) ќе се извршат повеќе санации на дефекти во три општини во град Скопје.
-Поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа, на ул. Струшка бр. 4, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Струшка и дел од ул. Јуриј Гагарин. (Општина Карпош)
-Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на ул. Камник (по ново ул. Љубиша Самарџиќ), од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, вклучително и ресторанот и стрелиштето. (Општина Гази Баба)
-Поради отстранување внатрешен дефект на водоводна мрежа во комплексот згради „ Ист Гејт“ на ул. Беласица бб, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од наведениот комплекс. Санацијата ќе се врши од страна на приватни фирми. (Општина Гази Баба)
-Поради изведување на водоводен приклучок на ул. Дане Крапчев бр. 8, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците: Дане Крапчев, Дебарца и Славка Недиќ. (Општина Центар) стои во соопштението на РУЦК Скопје.