Скопје

Успешно спроведена крводарителна акција во Општина Илинден

На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело со дарување на крв.

Успешно спроведена крводарителна акција во Општина Илинден

По повод националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август” во Општина Илинден се одржа уште една успешно спроведена крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден”.

На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело со дарување на крв.

На акцијата која почна во 09:00 часот и траеше до 14 часот собрани се околу 30 крвни единици. Кесите со собраната крв ќе бидат предадени на Институтот за трансфузиона медицина и ќе ја добијат оние кои имаат најмногу потреба од неа.

Најнови вести од Скопје

To top