Скопје в сабота прва работилница

„Твоето срце е најдобриот родител! Разбуди го!“, кампања за свесно родителство во Кисела Вода

Темите кои ќе бидат разработени се: моќта на поврзувањето, што не’ оддалечува, а што не зближува, поврзаност во модерен свет, ранливоста како портал до креативноста, емоции и автентично јас, ограничувачки верувања, истражување на потенцијалот во односите.

„Твоето срце е најдобриот родител! Разбуди го!“, кампања за свесно родителство во Кисела Вода

Под слоганот “Твоето срце е најдобриот родител! Разбуди го!” Општина Кисела Вода во соработка со Илина Ведран започнува кампања за свесно родителство.

За во сабота, 09 март, во 18 часот, во Домот на култура “Билјана Беличанец” е закажана првата од серијата работилници низ кои ќе се врши едукација-како да се поврземе вистински со нaшите деца и како да изградиме свесен и присутен однос, базиран на доверба, знаејќи дека единствениот успех во родителството е поврзувањето.

Темите кои ќе бидат разработени се: моќта на поврзувањето, што не’ оддалечува, а што не зближува, поврзаност во модерен свет, ранливоста како портал до креативноста, емоции и автентично јас, ограничувачки верувања, истражување на потенцијалот во односите.

Работилниците ќе ги води Илина Ведран, првиот лиценциран тренер во Република Македонија по методата на Лујза Хеј, тренер за личен и професионален развој и автор.

Општина Кисела Вода ги поканува сите заинтересирани да дојдат во сабота, во 18 часот во Домот на култура “Билјана Беличанец” и да бидат дел од едукативната дискусија за оваа современа проблематика.

To top