Турнирот „ГЕГЕ КУП – 8-ми септември 2024“ официјално започна, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Со гордост објавуваме дека турнирот во мал фудбал “Геге Куп” официјално започна! 17 екипи од Скопје ќе се борат за првото место на новите терени во населбата Даме Груев. Со вкупно 32 натпревари пред нас, вечерва ќе сведочиме на вистинска фудбалска магија, исполнета со страст, тимски дух и несебична поддршка. Наградниот фонд од 125.000 денари ги мотивира играчите, а сите ние сме тука да ги поддржиме и да прославиме заедно, како заедница која верува во спортот и заедништвото! Ве повикуваме да ни се придружите на терените и да ги следиме возбудливите моменти кои ќе ја одбележат оваа вечер! Истакна градоначалникот Стојкоски.