Скопје нов проект

Тимови од општина Бутел од денеска низ домовите ќе собираат предлози и идеи за новиот буџет

И оваа година општина Бутел креира буџет заедно со граѓаните, соопшти градоначалникот Дарко Костовкси.

Тимови од општина Бутел од денеска низ домовите ќе собираат предлози и идеи за новиот буџет

И оваа година општина Бутел креира буџет заедно со граѓаните, соопшти градоначалникот Дарко Костовкси.

Од денес за прв пат тимови организирани од Општина Бутел ќе посетат голем број домови во сите населени места, тимовите ќе собираат предлози и идеи за новиот буџет.

– Овој викенд ќе организираме и штандови на најфрекфентните локации за време на викендите, велат од локалната самоуправа.

Исто така, за поголема вклученост, граѓаните ќе имаат можност своите предлози, идеи, решенија да ги достават и преку дополнителните алатки за комуникација: архива на општина Бутел, меилот [email protected] и на телефонскиот број 075274421.

– Буџетот за наредната 2024 година ќе биде токму од предлозите од нашите граѓани за потребите на граѓаните. Општина Бутел и во наредната година ќе работи исклучително за потребите и во интерес на граѓаните ! Продолжуваме со уште посилно темпо! За стабилна, модерна, европска и просперитетна Општина Бутел! – порача првиот човек на општината Костовски.

To top