Скопје општина Ѓорче Петров

Стојкоски: Зад нас е исклучително тежок ден, ден во кој се покажа заедништво и посветеност на жителите на Ѓорче

Благодарност голема до АРМ, МВР, ПТТБ СКОПЈЕ, ДЗС, кои со сиот свој капацитет се ставија на располагање и делуваа исклучително брзо на цела територија на општината, потенцира Стојкоски.

Стојкоски: Зад нас е исклучително тежок ден, ден во кој се покажа заедништво и посветеност на жителите на Ѓорче

Зад нас е исклучително тежок ден, ден во кој се покажа заедништво и посветеност на жителите на Ѓорче кон заедницата, објави Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.

Тој истакна дека се вклучиле многу мештани од ул. Црногорска, Стопански Двор, Ново Село, Волково, Орман, Кучково, сите локации на кои имавме пожари.

-Благодарност голема до АРМ, МВР, ПТТБ СКОПЈЕ, ДЗС, кои со сиот свој капацитет се ставија на располагање и делуваа исклучително брзо на цела територија на општината, потенцира Стојкоски.

Пожарите се изгаснати, вечерва ќе се следи состојбата и доколку е потребно ќе се делува со сите расположливи средства.

To top