Утрово ми пристигна информација дека има дојава за бомба во едно основно училиште, објави Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
-Целосно и брзо е спроведен протоколот за безбедност и сите ученици се на безбедно во придружба на нивните учители.
Веднаш по пристигнатата информација разговарав со надлежните од МВР и превземени се сите безбедносни мерки. Одлична и брза реакција од страна на МВР по што продолжи наставата.
Апелирам за смиреност и почитување на сите безбедности протоколи. Во постојана комуникација сме со сите засегнати страни и надлежни институции, наведува во објавата Стојкоски.