Скопје

Стојкоски: Стравот, паниката и паранојата што сакаат да ја направат Арсовска и Јакимовски се неосновани, во Ѓорче Петров нема предвидено никакви хемиски фабрики!

Стојкоски: Стравот, паниката и паранојата што сакаат да ја направат Арсовска и Јакимовски се неосновани, во Ѓорче Петров нема предвидено никакви хемиски фабрики!

Градот Скопје не си ја работи својата примарна работа и основна функција, а Данела Арсовска заедно со градоначалникот Стевче Јакимовски се обидуваат да сејат страв и паника кај граѓаните на општина Ѓорче Петров. Сакам да потенцирам дека во новиот ДУП за гратската четврт СЗ 16 ќе се граделе три хемиски фабрики и ова сакам да го демантирам на самиот старт, бидејќи Арсовска да знае да ги толкува ДУПОВИТЕ, треба да знае дека намената Г2 е намена за лесна и незагадувачка индустрија, ова денеска преку прес-конференција го истакна градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Не предвидува никакви хемиски постојки, ниту пак предвидува изградба на хемиски капацитети кои што ја загадуваат животната средина. Арсовска како второ треба да е заепознаена дека на постоечката локација наназад повеќе од 50 години функционира еден од погодините на Алкалоид, истите поседуваат А интегрирана дозвола кое е под надзор на Министерството за животна средина и истите се редовно контролирани, а до сега до нас нема пристигнато ниту една поплака од граѓаните за било каков вид на загадување од овој правен субјект, вели Стојкоски.

Тој додава дека бидејќи Арсовска сака да изнесува лаги и невистини во јавноста околу габаритноста и големината на површините ја замолувам да го погледне претходниот Урбанистички план кој што беше до сега на важност, а донесен во 2009 година и новиот план за СЗ 16 во кој што се гледа дека имаме зафатено три и половина пати помала површина наменета за индустрија во овој план, односно претходните 212 илјади метри квадратни земјена површина се заменети со 63.864 метри квадратни, а додека во процент на изграденост значително, или повеќе од 2.5 пати се намалува дозволената површина на градба на постоечкиот правен субјект кој што и онака функционира на истата таа териотирја.

„Не се работи за повеќе индустриски објекти од ваков тип, туку се работи единствено за еден објект со намена Г2 лесна и незагдувачка индустрија. Останатите два објекта кои се наоѓаат на парцелата Алкалоид се со намена Б2, односно со намена друга дејност во бизнисот, големи трговски единици. Така да стравот, паниката и паранојата која се обидува да ја направи Арсовска заедно со колегата од Карпош се неосновани и лажни во делот на бројноста и габаритот на постојките“, вели Стојковски.

To top