Скопје 14 ноември

Стојкоски: Со гордост одбележуваме 80 години од Денот на ослободувањето на нашата општина Ѓорче Петров

Да живее слободно Ѓорче, вечна да е Република Македонија!, потенцираше во објавата Стојкоски.

Стојкоски: Со гордост одбележуваме 80 години од Денот на ослободувањето на нашата општина Ѓорче Петров

-На 14 ноември, со особена гордост одбележуваме 80 години од Денот на ослободувањето на нашата општина Ѓорче Петров. Ова е датум кој ја врежал слободата длабоко во историјата на ова место. Овој ден не е само историски настан, туку и сведоштво за неуморната борба, пожртвуваноста и храброста на сите оние кои се изборија за својата земја, за својот дом, за својата иднина, објави Александар Стојкоски, градоначалникот на општина Ѓорче Петров.

-Никогаш не смееме да заборавиме дека слободата и државата тешко се стекнуваат, но вечно се бранат и чуваат со нашите дела кои се темелат на спомените на хероите и поуките кои ни ги дава историјата, како и на секојдневно вложен труд. Затоа, одбележувањето на осум децении од ослободувањето на Ѓорче Петров го чествуваме како благодарност на оние кои ги дале животите за денес ние да живееме во мир и како обврска на модерното време кое бара нови херои што ќе одговорат на новите предизвици, кои нудат храбри и одржливи решенија, нотираше во објавата.

-Денес, вистинските вредности се видливи и тие се препознаени од ѓорчепетровци, кои секојдневно се сведоци на нови и нови дела, кои се прават за заедничкото добро на сите. Нека ни е честит и вековит Денот на ослободувањето на општина Ѓорче Петров! Секогаш да се потсетуваме на денешниов ден и да го негуваме духот на слободата и единството што не обединува. Да живее слободно Ѓорче, вечна да е Република Македонија!, потенцираше во објавата Стојкоски.

To top