Скопје Општина Ѓорче Петров

Стојкоски: Со 3 сребрени и 1 бронзен медал се вратија учениците од Ѓорче од меѓународниот натпревар „Математика без граници’’

Покрај талентот и знаењето, ученичка Андреа Кулевска го краси и културниот дел на настанот со изведба на македонска песна, носејќи ја нашата традиција и душа со себе, истакна Стојкоски.

Стојкоски: Со 3 сребрени и 1 бронзен медал се вратија учениците од Ѓорче од меѓународниот натпревар „Математика без граници’’

Со огромна гордост и радост го споделуваме успехот на младите умови од Општина Ѓорче Петров, кои со огромен успех ја претставија Македонија на меѓународниот натпревар „Математика без граници’’ во Несебар –Бугарија! Нашиот тим, предводен од посветената наставничка Анкица Спасова, се враќа со 3 сребрени и 1 бронзен медал – доказ дека трудот и талентот носат големи резултати, сподели денеска преку социјалните мрежи градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

„Учениците Јана Спасова, Анамарија Дафчева, Михаил Лалевски и Андреа Кулевска го претставија нашето образование меѓу 1200 учесници од 13 земји, докажувајќи дека со посветеност, труд и љубов кон знаењето нема граници! Покрај талентот и знаењето, ученичка Андреа Кулевска го краси и културниот дел на настанот со изведба на македонска песна, носејќи ја нашата традиција и душа со себе, истакна Стојкоски во објавата.

Тој додаде дека денес во кабинетот му било чест што поразговарал со нив и ги сослушал нивните предлози и идеи за тоа како да им се олеснат условите за поголеми успеси во иднина.

To top