Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски преку статус на Фејсбук пишува дека била пуштена во употреба доградбата на основното училиште „Тихомир Милошевски“.
Тој вели дека учениците за првпат ќе ја следат наставата во една смена.
„🙋 Пуштена е во употреба доградбата на ООУ Тихомир Милошевски
За првпат учениците од ова училиште наставата ќе ја следат во една смена, со што ќе имаат повеќе време за воншколски активности.
Со ❤️ за Ѓорче“, стои во неговиот пост на Фејсбук.