На мое големо задоволство денеска остварив посетата на Специјализирана Болница Геријатрија – единствената здравствена установа во Република Македонија која се грижи за геронтолошки болни и има центар за палијативна нега.
Под новото водство на др. Ленче Нелоска, продолжуваме со реализацијата на проектите што беа застанати пред многу години, истакна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Посебно ми е драго што се актуелизира реализацијата на проектот „Центар за рани“, идеа која со др. Нелоска ја инициравме уште пред 10 години, прв од ваков тип во нашата земја.
Со силна поддршка од општината, заедно, работиме за подобро утре!