Скопје

Стојкоски: Подрачното училиште во Хром, „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ добива спортска сала

На вкупна површина од 476 м², со димензии 27,40 x 15,6 метри и максимална височина до 12,4 метри денеска со задоволство можам да најавам дека ја стартувавме изградбата на училишната спортска сала во подрачното училиште во Хром, „Димитар Поп Георгиев – Беровски“!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

Стојкоски: Подрачното училиште во Хром, „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ добива спортска сала

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ХРОМ, ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПО ДЕЦЕНИЈА, ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ „ДИМИТАР ПОП ГЕОРГИЕВ БЕРОВСКИ“ ДОБИВА СПОРТСКА САЛА

На вкупна површина од 476 м², со димензии 27,40 x 15,6 метри и максимална височина до 12,4 метри денеска со задоволство можам да најавам дека ја стартувавме изградбата на училишната спортска сала во подрачното училиште во Хром, „Димитар Поп Георгиев – Беровски“!

Нови 500 квадрати спортски простор за 500 ученици во ова училиште!

Денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за образование и наука Весна Јаневска го означивме почетокот на изградбата на ова најмодерно спортско здание кое ќе се прави по сите квалитетни стандарди.

10 години по изградбата на училиштето, оваа локална власт изнајде решение за долгогодишниот проблем на родителите и децата од Хром кои немаа соодветни услови за спортско образование. Имавме слух за нивните проблеми и настапивме на терен веднаш штом се овозможија услови за тоа.

Оваа пространа сала, 20.000.000 денари инвестиција на Општина Ѓорче Петров, ќе понуди соодветни услови за различни спортски активности. Изградбата ќе се спроведе со користење на енергетски ефикасни и еколошки материјали, што ја прави оваа сала не само функционална, туку и одржлива на долг рок.

Предвидена е изградба и на паркинг-простор со 30 места за вработените и посетителите. Новата пешачка патека која исто така е во план за изградба ќе обезбеди лесен и безбеден пристап до училиштето и училишниот двор.

Денеска е важен ден за учениците од Хром. Нашите заложби зa квалитетно образование остануваат наш приоритет. Сите училишта од Ѓорче Петров во текот на следната година ќе бидат опфатени со реконструтивни зафати, што значи решавање на децениски недостиг со капацитети за настава.

Продолжуваме активно да работиме на подобрување на условите за настава, но и за физичко образование, рекреација и спортски активности.
Ова е реализирање на уште еден важен чекор за развојот на спортските таленти и подобрување на условите за физичка активност.

и благодарам на сите за поддршката.

Заедно создаваме подобра иднина за нашите деца, пишува Стојкоски во својата објава.

To top