Скопје ЧИСТ ВОЗДУХ ЗА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ - СИЛНА СОРАБОТКА ЗА ПОЗДРАВА ИДНИНА

Стојкоски: Пет училишта и три градинки добиваат енергетски ефикасни системи за загревање

За чист воздух, за енергија на иднината, за нашите деца.

Стојкоски: Пет училишта и три градинки добиваат енергетски ефикасни системи за загревање

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека осум училишта и градинки добиваат енергетски ефикасни системи за загревање.

Денес направивме значаен чекор напред, потпишавме Меморандум за соработка со UNOPS, заедно со Марко Вујачиќ (Head of Programme – UNOPS South East Europe Multi-Country Office), во рамки на ЕУ-проектот „ЕУ за чист воздух“, со јасна цел – подобар квалитет на воздух и енергетски ефикасни јавни објекти, објави градоначалникот.

Проектот опфаќа нови 5 основни училишта и 3 детски градинки во нашата општина, каде што ќе се врши замена на старите системи за греење со современи топлински пумпи, енергетски ефикасни и еколошки системи.

„Со овој проект ги опфаќаме сите објекти на основни училишта и дел од градинките, со што се позиционираме како лидери помеѓу општините.
– намалено загадување
– почиста животна средина
– пониски енергетски трошоци
– поздрави услови за нашите деца
Во партнерство со УНОПС и со поддршка од Европската Унија, продолжуваме одговорно, стратешки и долгорочно да инвестираме во Ѓорче Петров“, потенцира во објавата Стојкоски.

8️⃣ УЧИЛИШТА И ГРАДИНКИ ДОБИВААТ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ СИСТЕМИ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ, ЧИСТ ВОЗДУХ ЗА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СИЛНА СОРАБОТКА…

Posted by Александар Стојкоски on Среда, 28 јануари 2026

To top