Скопје Општина Ѓорче Петров

Стојкоски: Останувам целосно посветен на создавање на безбедна и уредена средина за сите жители на општинава

На терен, директно идентификувавме делови каде што безбедноста на сите учесници во сообраќајот е загрозена — особено на пешаците и децата, објави Стојкоски.

Стојкоски: Останувам целосно посветен на создавање на безбедна и уредена средина за сите жители на општинава

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров заедно со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, изврши увид на неколку критични сообраќајни точки на територијата на Општината.

„На терен, директно идентификувавме делови каде што безбедноста на сите учесници во сообраќајот е загрозена — особено на пешаците и децата.

Договоривме конкретни мерки:
– Поставување надзорни камери на ризичните локации, кои ќе можат да евидентираат прекршоци како брзо возење, незаконско престигнување, минување на црвено и друго неодговорно однесување.
– Поставување на успорувачи на брзина на делови каде што граѓаните веќе имаат поднесено барања и каде што постои реална потреба.
– Безбедноста не е привилегија – таа мора да биде стандард“, потенцира градоначалникот.

Како градоначалник, останувам целосно посветен на создавање на безбедна и уредена средина за сите жители на Ѓорче Петров. Продолжуваме одлучно и посветено, потенцира Стојкоски.

To top