Екипите за зимско одржување, заедно со општинскиот кризен штаб, од рано утрово се активно присутни низ цела Општина Ѓорче Петров, информира градоначалникот Александар Стојкоски.
-Навремено се исчистени сите критични точки и главни сообраќајници, со цел безбедно и непречено движење. Паралелно, тимовите работат на расчистување на пристапите до градинките, училиштата, автобуските постојки и тротоарите, обајви Стојкоски.
Тој истакна дека остојбата континуирано се следи и остануваат подготвени за брза и навремена реакција.
– Континуитет, одговорност и грижа за граѓаните – на дело, потенцира во објавата градоначалникот Стојкоски.
🚛 ОД РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ – ЦЕЛОСНА МОБИЛИЗАЦИЈА НА ТЕРЕН! ❄️❗️
🚚 Екипите за зимско одржување, заедно со општинскиот…
Posted by Александар Стојкоски on Среда, 21 јануари 2026