Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денес е на терен во Кулково, поради детектиран е проблемот на водоснабдителната мрежа.
-Работиме да го надминеме дефектот. Ја разбирам потребата на жителите и сум благодарен на разбирањето и соработката, изјави Стојкоски.
За Кучково е обезбедена нова бушотина со капацитет од 6 литри во секунда, резервоарот за вода е полн, дефектите тековно ќе ги отстрануваат.
Се работи за мрежа од селски водовод која многу пати низ последниве 50 години е преправана што е дополнителен проблем. Во периодот што следи ќе мора да работиме на нов проект за мрежа со што трајно ќе се реши проблемот, додаде Стојкоски.