Празнична литургија се одржа денеска во најголемата црква Св.„Петар и Павле“ во Ѓорче Петров посветена на светиот спомен на апостолите, а по повод големиот христијански празник Петровден.
-ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПЕТРОВДЕН! Присуствував на преубав црковен чин на кој православните христијани му принесуваат слава и благодарност на Бога и си спомнуваат со почит на светите апостоли Петар и Павле (Петровден).
По примањето на Светиот Дух, апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план најмногу се истакнале светите апостоли Петар и Павле, чие име го носи нашиот свет храм во Ѓорче Петров.
Да продолжиме сите по нивниот пат, пат на смиреност, разбирање и солидарност.
Ви посакувам да го поминете денот во здравје, радости и мир. Честит именден и честита слава на сите Вас кои го чествувате споменот на светите апостоли.
Слава и благодарност на Бога, пишува на Фејсбук, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.