Скопје

Стојкоски: Град Скопје и градските комунални претпријатија не сакаат да комуницираат со општина Ѓорче Петров и ние како општина ги амортизираме проблемите на граѓаните

Стојкоски: Град Скопје и градските комунални претпријатија не сакаат да комуницираат со општина Ѓорче Петров и ние како општина ги амортизираме проблемите на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот за состав на нова влада и сега треба да се фокусираме на проектите и да покажеме дека сме различни од ДУИ и СДСМ. Ние треба да ја вратиме надежта кај граѓаните, ја враќаме на локално, а сега и на централно ниво, рече Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

„Ние работиме на локално ниво, но сега и со резултати и од централно ќе биде многу полесно на наредните локални избори. Практично со ова, дополнително и со централната власт, со реализирање на проекти, ќе дојдат и резултатите на наредните локални избори“, вели Стојкоски.
Стојкоски укажа дека повеќе општини имаат проблем со изведба на било какви проекти од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

„Градоначалничката наместо да гледа да се развива град Скопје, бидејќи 60 проценти од општината одат во буџет на град Скопје, таа обвинува додека ние работиме“, посочи Стојкоски кој укажа дека нема никаква соработка со Град Скопје и претпријатијата во рамки на градот.

Според него не навремено реагирање на јавните претпријатија им прави проблеми на граѓаните.
„Ние гледаме да го амортизираме тоа, но целата работа оди многу тешко. Доцна се реагира кога има комунални проблеми, кога има проблем со одлагање на отпадот и слично“, вели Стојкоски.
Градоначалникот на Ѓорче Петров, Стојкоски кој по професионална определба е лекар радиолог се осврна на ситуацијата на хируршките клиники во рамки на кампусот Мајка Тереза.
„Едноставно е не се преземени мерки на време, до сега требаше да се прогласи на еден начин кризна состојба. Луѓето кои го водеа, а еве и уште кратко ќе го водат здравството знаат колку е важна хирургијата и не смееа да го дозволат ова на хируршките клиники“, кажа Стојкоски
Според Стојкоски неопходен е инвестициски циклус во здравството воопшто.
„Ќе споменам поголеми проекти како новата болница во Штип, потоа имавме одличен проект за нов клинички центар“, изјави Стојкоски.

To top