Скопје 100 ДЕНА РАБОТА. 100 ДЕНА РЕЗУЛТАТИ!

Стојкоски: Ѓорче се гради – системски, одговорно и со јасна визија

Донесовме развоен буџет за 2026 година од 1,45 милијарди денари. Речиси 60% капитални инвестиции и над 596 милиони денари за конкретни проекти, објави Стојкоски.

Стојкоски: Ѓорче се гради – системски, одговорно и со јасна визија

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денес објави отчет за сработеното за првите 100 дена од неговиот втор мандат како прв човек на општината.

-Во првите 100 дена од новиот мандат, покажавме што значи континуитет, одговорност и визија. Донесовме развоен буџет за 2026 година од 1,45 милијарди денари. Речиси 60% капитални инвестиции и над 596 милиони денари за конкретни проекти, објави Стојкоски.

„КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ И ИНФРАСТРУКТУРА
* Милиони денари за нови улици и локални патишта
– 10300 метри нови коловози во повеќе населени места
– 800 метри нови патишта во Кучково
– Нов пат во Никиштани
– За првпат нови патишта во село Орман
Нов главен пат Ново Село – Св. Архангел Гаврил
– Обновени улици во Стопански Двор
– Реконструкција на ул.„Воин Драшкоци“ во Хром со поставување на атмосферска канализација
– Нова топловодна инфраструктура во Александрија, почисто греење, пониски трошоци, долгорочно решение.
– Чистење на каналска мрежа и решавање на долгогодишни проблеми на ул. „Радушка“ и „Арсени Јовков“.

ОБРАЗОВАНИЕ – ИСТОРИСКИ ИНВЕСТИЦИИ
– 150 милиони денари капитални инвестиции во образованието.
– Доградба на: ООУ Димитар Поп Георгиев Беровски – Хром, ООУ Јоаким Крчовски, ООУ Страшо Пинџур.
– Нов еколошки систем за греење во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“
– Меморандум со UNOPS во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“ -топлински пумпи во училиштата и градинките.
– Нова информатичка опрема и компјутери за училиштата Мирче Ацев и Страшо Пинџур
– Целосна обнова на училишни тоалети во ооу Ѓорче Петров со пристап за лица со попреченост.

ГРАДИНКИ И ПОДДРШКА ЗА СЕМЕЈСТВАТА
– Се гради новата детска градинка во Дексион – современ, енергетски ефикасен и безбеден простор за најмалите.
– 8.000 денари финансиска поддршка за секое новороденче.
– Наскоро субвенции за млади за обука и полагање за возачка дозвола

СПОРТ И МЛАДИ
– Нов спортско-рекреативен комплекс на „Шидска“.
– Нов спортски комплекс на Полјана.
– Обновени терени во ООУ „Тихомир Милошевски“.
– Две нови текбол маси во рамки на европски проект.
– Нова рекреативна зона во Дексион.

ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ
– Најава за нов мултифункционален парк во Волково во рамки на UrbanGreenLeap преку програмата Interreg Euro-MED.
– Општина Ѓорче Петров дел од „Скопје 2028“- европска културна перспектива за нашиот град“, потенцира во објавата Стојкоски.

ОВА СЕ ПРОЕКТИ ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА ОД ОВОЈ МАНДАТ.
– Континуитет.
– Работа на терен.
– Видливи резултати.
Ѓорче се гради – системски, одговорно и со јасна визија. Продолжуваме, додаде во објавата градоначалникот.

💯 100 ДЕНА РАБОТА. 100 ДЕНА РЕЗУЛТАТИ!

Во првите 💯 дена од новиот мандат, покажавме што значи континуитет, одговорност…

Posted by Александар Стојкоски on Thursday, February 19, 2026

To top