Скопје

Стојкоски: Апсолутно нема да има ниту една нова фабрика во Ѓорче, туку проширување на постојната која има добиено многу помала развојна површина

Стојкоски: Апсолутно нема да има ниту една нова фабрика во Ѓорче, туку проширување на постојната која има добиено многу помала развојна површина

Апсолутно нема ниту една нова фабрика на постојната локација, туку е постоечката која има добиено многу помала развојна површина како што реков во првичното излагање, негде околу четири пати помала развојна површина од тоа што имала претходно и нема градба на нови капацитети од индустрија, лесна и не загадувачка како што е предвидено согласно генералниот урбанистички план на градот Скопје, ова денеска преку прес-конференција го истакна Александар Стојкоски во врска на прашањето дали во општината Ѓорче Петров ќе се градат три нови хемиски фабрики како што тоа го обвини градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска.

„Нас овој детален урбанистички план по сите параметри целосно ни е усогласен со генералниот урбанистички план, проблемот во градот е што не знаат да ги читаат плановите кои што самите си ги носат и треба наместо сабајле кога ќе станат да видат со кого ќе се расправаат денес да се фатат за сериозна работа, да седнат да си ги прочитаат ДУП-овите, да си ги прочитаат законите и да не не оставаат на милост и немилост, особено граѓаните на градот Скопје“, вели Стојкоски.

To top