Ги информирам граѓаните на општина Гази Баба дека по разговор со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски започнуваме со постапка за утврдување на штета врз земјоделските култури како последица од вчерашното невреме кое ја погоди нашата општина, вели градоначалникот Бобан Стефковски.
-Ги повикувам земјоделците од општина Гази Баба во период од 25.06 (вторник) до 01.07 (понеделник) во временски период од 08:00 до 16:30 часот да поднесат барање до архивата на општината за утврдување на штета, а во втората фаза комисија ќе излезе на увид со цел изготвување на записници и потоа доставување на предметите до Комисијата за проценка и утврдување на висина на штета од елементарни непогоди при Владата на Република Македонија.
На едношалтерскиот систем во општината е изготвен образец кој секој земјоделец може да го потполни и поднесе во архивата.