Скопје 150 нови садници дрва

Стефковски: Секое дете од СОС Детско село ќе добие дрво за кое ќе се грижи

Секое дете од СОС Детско село ќе добие свое дрво за кое во иднина ќе се грижи!

Стефковски: Секое дете од СОС Детско село ќе добие дрво за кое ќе се грижи

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово потпиша договор за донација со Иуте Македонија за 150 нови садници дрва.

За потпишувањето на договорот, градоначалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Секое дете од СОС Детско село ќе добие свое дрво за кое во иднина ќе се грижи!
Утрово во просториите на општина Гази Баба го потпишавме договорот за донација со финансиското друштво Иуте Македонија.
Предмет на донацијата се 150 садници дрва за зазеленување на просторот околу спортскиот терен Солидарност во населеното место Инџиково.
Оваа активност ќе ја реализираме во соработка со СОС Детското село во чија близина ќе се реализира активноста за засадување на дрвата.
Секое дете, кое е згрижено во СОС Детското село ќе добие свое дрво за кое во иднина ќе се грижи.
Ова е уште една во низата активности кои општина Гази Баба ги реализира со цел заштита на животната средина.
Како локална самоуправа во изминатот период посветивме особено внимание на заштитата на животната средина, а доказ за тоа се реализираните проекти во оваа област.
Му благодарам на менаџментот на финансиското друштво Иуте Македонија за покажаната општествена одговорност, напиша Стефковски.

To top