Скопје над 65 години

Стефковски промовираше Итно копче за бесплатна помош на болни лица во Гази Баба

Договорот за реализација на овој проект со Црвениот крст го склучивме во јули и веќе 8 граѓани ја користат оваа услуга. Со реализација на овој проект, како одговорна локална самоуправа уште еднаш на дело ја покажуваме својата грижа кон ранливите категории на граѓани. – заклучи градоначалникот Стефковски.

Стефковски промовираше Итно копче за бесплатна помош на болни лица во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со тим од Црвениот крст на Град Скопје беше во посета на Ленче Џингова од Ченто која е корисник на услугата Итно копче која ја спроведува Црвениот крст на Град Скопје со цел помош на болни и изнемоштени лица над 65 години кои живеат сами.

Денес општина Гази Баба во соработка со Црвениот крст на Градот Скопје отпочнува со реализација на заедничкиот проект Итно копче. Со овој проект овозможуваме 24 часовна помош за лица над 65 годишна возраст кои живеат сами и се болни и изнемоштени. Заедно со тим од Црвениот крст ја посетивме тетка Ленче од Ченто која ја користи услугата Итно копче. – изјави Стефковски при посетата.

Црвениот крст на Град Скопје оваа услуга ја реализира со поддршка на општина Гази Баба која ги обезбедува финансиските средства за граѓаните да можат услугата да ја користат бесплатно.

Корисникот на оваа услуга ќе го поседува уредот Итно копче и со неговото притискање веднаш ќе биде контактиран од контакт центарот на Црвениот крст и по утврдена потреба се испраќа тим за прва помош во домот на корисникот.

Оваа услуга од Црвениот крст за корисниците од општина Гази Баба ќе биде бесплатна. Финансиските средства за нејзината реализација целосно ги обезбедува општината.

Договорот за реализација на овој проект со Црвениот крст го склучивме во јули и веќе 8 граѓани ја користат оваа услуга. Со реализација на овој проект, како одговорна локална самоуправа уште еднаш на дело ја покажуваме својата грижа кон ранливите категории на граѓани. – заклучи градоначалникот Стефковски.

Ленче Џингова која е корисник на услугата ја искажа својата благодарност за професионалниот пристап на тимовите на Црвениот крст на Град Скопје кон неа како корисник на услугата.

Facebook / Бобан Стефковски

Најголема благодарност до градоначалникот Бобан Стефковски кој како млад човек има високо развиена свест за помош и поддршка кон сите категории на граѓани во општината без разлика на нивната возраст. Ова е услуга која е од големо значење за нас кои живееме сами и сме соочени со повеќе болести, но истата без финансиската поддршка од општината ние сами како граѓани неможеме никогаш да ја имаме – истакна Ленче Џингова.

Најнови вести од Скопје

To top