За посетата градоналчалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук во која напиша:
Изградба на крак од улица 1 во населено место Стајковци.
Утрово направив увид на градежните работи за изградба на крак од улица 1 во населеното место Стајковци.
Изградбата на оваа улица ја вршиме со павер елементи.
Изминатиот период како локална самоуправа инвестиравме во изградба на улици, скверови и пешачки патеки со павер елементи во повеќе населени места низ општина Гази Баба.
Инвестициите во модернизирање на патната инфраструктура ќе продолжат и во следниот период.
Како градоначалник задоволен сум од реализираните проекти во оваа област и така ќе продожиме и во текот на новата 2024 година. – напиша Стефковски.