Скопје Општина Гази Баба

Стефковски: Активиран е Кризниот штаб за постапување во зимски услови

Граѓаните на Општина Гази Баба можат да бидат целосно спокојни!

Стефковски: Активиран е Кризниот штаб за постапување во зимски услови

Од вчера вечерта активиран е Кризниот штаб за постапување во зимски услови, кој постојано ја следи состојбата на терен и ја координира работата на сите служби.

Во текот на ноќта беа преземени интензивни активности за фрлање на сол и ризла, со цел навремено одржување на патната инфраструктура, информира Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

Посебно внимание е посветено на повисоките населени места од Црешево, па сѐ до Раштак, каде постои поголем ризик од замрзнување на коловозите и наталожување на снег.

Механизацијата и екипите се постојано на терен, со јасна задача да се обезбеди безбедно и непречено движење за сите учесници во сообраќајот.

Безбедноста по животот и здравјето на граѓаните е на прво место и токму затоа сите активности се спроведуваат превентивно и навремено.

Општина Гази Баба останува посветена на грижата за своите жители, реагирајќи одговорно и професионално во сите временски услови.

Зимата ја дочекавме целосно подготвени, со обезбедена механизација, материјали и човечки ресурси, и така ќе продолжиме да постапуваме до крајот на зимскиот период.

Апелираме до граѓаните за внимателно движење и почитување на препораките, додека општинските служби и понатаму ќе бидат активно присутни на терен, наведува во објавата Стефковски.

❄️ Граѓаните на Општина Гази Баба можат да бидат целосно спокојни!

🚨 Од вчера вечерта е активиран Кризниот штаб за…

Posted by Бобан Стефковски on Четврток, 8 јануари 2026

To top