Скопје Опасност за здравјето на станарите

Станарите загрозени: „Хауз Мајстор Плус“ го остава ѓубрето во подрумот на Џевахир (ФОТО)

Наместо да го изнесуваат отпадот во контејнери, вработените од фирмата го складираат на -1 кат во кулата Д веќе три дена, реагираат станарите на Џевахир.

Фирмата „Хауз Мајстор Плус“, која е задолжена за управување со дел од кулите Џевахир, конкретно кулите А и Д, не ја извршува својата обврска за изнесување на сметот од зградите. Наместо ѓубрето да се носи надвор во контејнери, според пропишаните стандарди за хигиена и безбедност, вработените го оставаат на катот -1 во кулата Д, каде што веќе три дена стои непримерно складирано.

Станари

Станарите реагираат дека ваквото однесување ја загрозува нивната безбедност и здравје, бидејќи во зградата има повеќе од 40 ката и голем број жители. Од нив бараат надлежните инспекции и управителот на објектот итно да преземат мерки и да се обезбеди соодветно и редовно изнесување на отпадот.

Најнови вести од Скопје

To top