Скопје

Стаменкоска Трајкоска на средби со стопанственици од Кисела Вода: Вистинскиот развој доаѓа преку поддршка на локалните бизниси

Имав задоволство да разговарам со тројца вредни сограѓани, луѓе што секојдневно се борат на пазарот, градат и развиваат нешто свое тука, во Општина Кисела Вода, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска на средби со стопанственици од Кисела Вода: Вистинскиот развој доаѓа преку поддршка на локалните бизниси

Денеска имав задоволство да разговарам со тројца вредни сограѓани, луѓе што секојдневно се борат на пазарот, градат и развиваат нешто свое тука, во Општина Кисела Вода, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска.

Во динамично време, највредни се тие неформални, искрени средби каде нема протокол, ама има суштина.

Што е заедничко за сите? Љубов кон тоа што го прават и искрена желба условите за работа да се подобрат за нашите деца да останат и растат токму тука.

Разговаравме за административни бариери, поддршка за млади бизниси, сезонска работа, предизвиците со кои се соочуваат секојдневно и за многу други нивни предлози кои ни се од исклучителна важност.

Локалната економија расте со взаемна соработка меѓу бизнисите и институциите.

Благодарна сум за отвореноста и реалните согледувања, одлучните идеи и предлози.

Продолжувам да ги слушам сите наши сограѓани, да споделувам идеи и визии за идна соработка која носи развој за сите.

Затоа што тие се оние кои создаваат вредност во нашата општина, тие се најсилниот показател дали нашата политика оди во вистинска насока, пишува Стаменкоска Трајкоска во својата објава.

To top