Скопје

Стаменкоска Трајкоска: Кисела Вода, општина која инвестра во образованието

Стаменкоска Трајкоска: Кисела Вода, општина која инвестра во образованието

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска, н почетокот од учебната година, се сретна со нејзините колешки, наставничките.

– Разговаравме за образованието, за учениците, за сѐ она што заедно сме го постигнале. Поради посветеноста на градоначаникот Орце Ѓорѓиевски, денес во Општина Кисела Вода секое училиште има подобри услови – смарт табли, прочистувачи на воздух, фотоволтаици, униформи и ранчиња за првачињата, реконструирани и новоизградени училишта.  Зад сите овие резултати стои заедничката желба – нашите деца да учат, да растат и да напредуваат во најдобри можни услови, објави Стаменкоска Трајкоска.

Додава дека знае дека можат да направат многу повеќе и знае дека тоа „повеќе“ ќе го направат заедно!

Најнови вести од Скопје

To top