Скопје фејсбук статус

Стаменкоска Трајкоска: Го отпочнувам мојот мандат со нов, динамичен и организиран начин на работа, со јасна цел

Го отпочнувам мојот мандат со нов, динамичен и организиран начин на работа, со јасна цел – да обезбедиме поефикасна општина, побрза услуга за сите граѓани и подобро справување со тековните активности и предизвици на терен, напиша на Фејсбук градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

За да го постигнеме тоа, воспоставив јасна структура и дисциплина во процесите. Секој понеделник го започнувам со колегиум со раководителите на секторите, на кој правиме детална анализа на завршените задачи, ги поставуваме приоритетите и ги дефинираме конкретните чекори за наредните денови. Овој модел овозможува подобра поврзаност меѓу секторите, побрзо решавање на предизвиците и непречено функционирање на целата администрација. Верувам дека само со ред, отчетност и редовна комуникација можеме да изградиме општина која целосно им служи на своите жители. Затоа ова ќе биде нашиот континуиран пристап во следниот период. Продолжуваме посветено, организирано и во интерес на сите граѓани на Општина Кисела Вода, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Најнови вести од Скопје

To top