Скопје

Средба Стефковски – Селими: Скопјани заслужуваат функционален град

Средба Стефковски – Селими: Скопјани заслужуваат функционален град

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска оствари средба со заменик министерот за локална самоуправа Ерџан Селими на која двајцата разговарале на повеќе теми, помеѓу кои и за актуелната состојба во која се наоѓа Градот Скопје.

-Заедно заклучивме дека е целосно неприфатлив игнорантскиот однос кој го има раководството на Градот Скопје кон проблемите со кои се соочуваат скопјани. Нефункционалноста на Јавните претпријатија е резултат на недостаток на стручност и компетентност во нивното раководење.

Дополнително разговаравме и за подготвеноста на општина Гази Баба за најавата од Владата на Република Македонија за финансиска поддршка за реализација на проекти, при што го информирав заменик министерот дека како локална самоуправа посветено работевме на изработка на проектна документација и подготвени ќе го дочекаме јавниот повик од Владата, напиша Стефковски.

To top