Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје ве покануваат на незаборавна предновогодишна забава на 21 декември (сабота) со почеток во 18:30 часот што ќе се одржи пред платото на трговскиот центар каде што ќе настапат врвни македонски ѕвезди.
Четиричасовната музичка програма е приспособена за сите генерации и за сите музички вкусови. Вечерта со свој настап ќе ја отворат легендарните Игор Џамбазор и Гуру Харе со нивните безвременски музички дела.
Потоа публиката ќе ја раздвижи Тони Зен, кој е една од најголемите рап ѕвезди во Македонија и во регионов, а по него ќе настапат Пајак и Лара, чии хитови помладата генерација секогаш ги пее во еден глас.
Ѕвезда на вечерта ќе биде неверојатната и единствена Каролина Гочева, која со својот прекрасен вокал ќе внесе посебна магија на предноводишното шоу.
Покрај настапите на овие врвни музички имиња, ќе има голем број изненадувања за присутните, а целиот настан ќе заврши со величествен огномет, со што ќе се одбележи успешната 2024, со надеж дека доаѓа уште подобра 2025 година за сите граѓани.
-Ве очекуваме сите заедно да пееме, да се дружиме и да пулсираме во ритамот на квалитетната македонска музика со што ќе создадеме незборавни мигови вредни за паметење, велат од организаторите.