Скопје

Скопски коњички марш 2024 од Ѓорче Петров тргнува за Крушево

Скопски коњички марш 2024 од Ѓорче Петров тргнува за Крушево

Во организација на Здружението на граѓани „Бигорски манастир“, а со поддршка од Општина Ѓорче Петров, попладнево од реонскиот парк во Ѓорче Петров членови на Скопски коњички марш со коњаница тргнуваат за Крушево.

Како што информираат од Општина Ѓорче Петров предвидено е коњаницата да се придружи на централното одбележување на празникот Илинден во Крушево на 2 август.

-Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ги повика граѓаните да дојдат во паркот и да ја поздрават и поддржат коњаницата која го организира овој подвиг во чест на големиот празник, се вели во соопштението од Општината.

Годинава се одбележуваат 121 година од Илинденско востание и 46 години од првиот Илинденски марш. Целта на ваквите настани, велат од Општината, е да се сочува традицијата, културата, македонските вредности и љубовта кон татковината, по пример на храбрите македонски јунаци низ историјата.

Најнови вести од Скопје

To top