Скопје скопје

Скопје се буди како четврти најзагаден град во светот

Според концентрацијата на ПМ2,5 и ПМ10 честичките во воздухот, Скопје утрово е четврти најзагаен град. Пред главниот град на Македонија се Лахор, Пакистан, Делхи, Индија и Ханој, Виетнам, покажуваат податоците на платформата Ај-кју-ер.

На оваа платформа, во моментов воздухот во Скопје е означен во категоријата „нездрав“. Концентрацијата на ПМ2,5 честичките е 74,2 милиграми на еден кубен метар воздух, а на ПМ10 честичките е 85,5.

Концентрацијата на ПМ2,5 честичките во Скопје е 14,8 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).

Од градовите во регионот, најблиску до Скопје е Сараево (шесто место).

И според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, синоќа на полноќ во сите скопски општини загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките е над дозволената концентрација од 50 милиграми на еден кубен метар воздух.

Според овие мерни станици загаден е воздухот и во Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Струмица, Кавадарци и Куманово.

To top