Македонската метропола лани остана без новогодишно украсување. Ниту елка, ниту светилка и украс, ниту новогодишен базар… За жал, наместо во Новогодишно руво како што доликува, само тажна слика од Скопје за минатогодишните празници.
Новогодишните и Божиќните празници се приближуваат, дел од европските и светските метрополи се веќе украсени, но во Скопје сè уште нема празнична атмосфера, а нема ни најава дали воопшто ќе има.
За да дознаеме дали оваа година нашето Скопје ќе биде украсено, побаравме одговор од надлежните- Градот Скопје. Од таму ни трага, ни глас. Нема одговор на нашите пишани пораки и телефонски повици.
Од Градот се „глуви“ на „криците“ на граѓаните кои се уште не знаат дали во Скопје ќе им биде создадена новогодишна атмосфера и дали ќе блесне барем некаква светлина во ова сивило.
Со доаѓањето на градоначалничката Данела Арсовска на функција, се чини престана традицијата на новогодишно украсување на градот и организирање на новогодишен базар со програма за деца и возрасни како во градовите низ светот.
Со години, традиционално Скопје кон почетокот на декември веќе бил украсен, елката на Плоштад пуштена да свети или пак украсувањето било при крај, но строгиот центар на градот веќе бил во новогодишна атмосфера.
-Од 15 декември до 15 јануари традиционално секоја година беше украсено централното градско подрачје, како и дел од „Партизанска“ и „Илинденска“, а некои години беа украсени и други плоштади од градот. Така треба да биде и секоја година. Граѓаните заслужуваат и треба да имаат новогодишна атмосфера, Скопје заслужува да има новогодишен дух како сите метрополи, изјави за КУРИР поранешниот портпарол на Град Скопје, Неделчо Крстевски.
За коментар околу новогодишното не/украсување го побаравме и претходникот на Данела Арсовска, Петре Шилегов, но ниту од него како и од Град Скопје, не добивме никаков одговор.
Сега, нема никакви активности за новогодишно украсување, ниту пак најава дека тоа ќе се случи.
Сите главни градови веќе одамна се украсени, се одржуваат новогодишни базари…
Да не одиме подалеку, во нашето соседство исто така е веќе украсено.
На 23 ноември на плоштадот Синтагма во центарот на Атина беше осветлена новогдишната 17-метарска елка со 24.000 светилки со што и официјално започна празничниот период во тој град.
НЕ/Украсувањето на македонската метропола влијае и на привлекувањето на туристи.
Доколу Скопје не создаде Новогдишна атмосфера, не само што нема да привчеле туристи од други држави, туку и нашите скопјани доколку имаат можност ќе отпатуваат во други градови за да ја доживеат Новогодишната атмосфера која ја заслужуваат.
Скопје и скопјани ЗАСЛУЖУВААТ украсен град и Новогодишна програма на скопскиот Плоштад!