За околу две седмици тие ќе бидат завршени, по што жителите на овој дел од општина Кисела Вода ќе имаат подобри услови за движење и побезбеден сообраќај.
И овој зафат е дел од големиот проект од програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за асфалтирање на сите улици во општината, со приоритет на оние кои на реконструкција чекале по триесет и повеќе години. Досега, за овие две години се асфалтирани или поплочени со павер елементи повеќе од 45 км улици.