Општина Кисела Вода, преку Секторот за месна самоуправа, ги започна теренските активности за средување на нараснатата трева низ сите урбани и месни заедници.
Во оваа акција, која ќе се одвива секојдневно во текот на целата сезона, ангажиран е тим од 20 обучени сезонски работници.
Денеска екипите работат во 11 Октомври – Згради, населба Кисела Вода и населба Драчево, а веднаш потоа продолжуваат по утврден ред и во сите останати делови на општината.
Оваа активност е дел од тековните планови за уредување на јавните простори низ целата територија на Кисела Вода.