Скопје ќе се чистат и останатите

Се чисти паркот „Македонија“ во Општина Кисела Вода

Се чисти паркот „Македонија“ во Општина Кисела Вода

Темелно се чисти паркот „Македонија“ и околните улици. Општина Кисела Вода, преку Секторот за месна самоуправа, ангажирала околу 30 сезонски работници кои спроведуваат интензивни активности за унапредување на јавната хигиена.

Општина Кисела Вода

Како што информираат од општинската прес-служба, во фокусот на акцијата е собирањето на паднатите лисја, карактеристични за овој период од годината, како и отстранување на друг отпад од парковските површини.

Општина Кисела Вода

Оваа акција, како што посочуваат од општината, е дел од континуираниот пристап на Општина Кисела Вода за одржување и унапредување на јавната хигиена. Најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат слични интервенции и во другите паркови и зелени површини ширум општината, особено на локации со зголемена фреквенција на граѓани.

Општина Кисела Вода

-Грижата за јавната хигиена и зелените површини е еден од нашите постојани приоритети. Со вакви редовни активности обезбедуваме парковите да останат чисти и уредни. Паралелно со ангажманот на општината, упатувам апел и до граѓаните за заеднички одговорен однос кон просторот што секојдневно го користиме, затоа што само заедно можеме да имаме чиста и уредна Кисела Вода, посочила градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

To top