Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека се реализирани 27 решенија за трајно вработување на наставници во сите основни училишта во општината.
-Наставниот кадар е најсилната алка во образовниот систем, важноста на наставниците и континуираното подобрување на условите за работа се наш врвен приоритет. Инвестициите во образованието се континуиран процес на кој сме целосно посветени, вели Стојкоски.