Повеќе простор за паркирање добиваат жителите на населбата 11 Октомври Згради. Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес присуствувaше на почетните активности за изградба на нов и реконструкција на постоечкиот паркинг простор во близина на ООУ „Кирил Пејчиновиќ”.
-Со голема динамика работиме на унапредување на условите за нашите жители, а создавањето на дополнителен паркинг простор е секогаш на врвот на приоритетите. Решавањето на предизвиците со сообраќајот во мирување значи помал метеж и поголема безбедност за пешаците. Ова, пак, е од посебна важност, бидејќи во непосредна бизина на денес започнатиот проект има основно училиште. Градиме нов простор за паркирање на околу 300 м2, а целосно ќе го реконструираме и постојниот паркинг кој се протега на површина од 1600 квадратни метри. Напоредно продолжуваме со засилен ангажман за изнаоѓање на нови локации низ целата општина каде постои можност за изградба на паркинзи. Од нашата досегашна двегодишна работа, произлегоа 1320 паркинг места. А тоа се 320 места за паркирање повеќе од она што беше ветено во мојата предизборна програма-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.