Со засилено темпо Општина Илинден работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Денеска беше
пуштено во употреба реконструираното игралиште за баскет во населено место Кадино кое се наоѓа во непосредна близина на црковниот храм, соопштија ос Општина Илинден.
На ова игралиште за баскет извршено е обележување на теренот, нов кош, санирана е бетонската трибина, заштитната ограда, клупите за седење и поставено е целосно ново лед осветлување.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека и жителите од населеното место Кадино добија комплетно нов уреден спортски терен, со цел спортистите но и младите да имаат модерно место каде во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.
Играта на баскет односно уличната кошарка претставува еден вид традиција и урбана култура во општина Илинден, а со изградбата на спортските игралишта како што вели градоначалникот Александар Георгиевски, Општина Илинден уште еднаш ја покажува поддршката во спортот, бидејќи само низ игра, рекреација и спорт, децата и младите го развиваат духот на пријателството.
Општината и во наредниот период ќе продолжи со поддршка на спортот и реализација на инвестиции во спортската инфраструктура и во останатите населени места потенцираа од Одделението за поддршка на Градоначалникот во Општина Илинден.