Скопје

Продлабочување на соработката: Средба на Стаменкоска Трајкоска со американската в.д. амбасадорка Никол Варнс

Унапредувањето на институционалната соработка и континуираниот развој на локалната самоуправа беа во фокусот на денешната средба помеѓу градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и вршителката на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс, во рамки на нејзината официјална посета на општината. Настанот го потврдува цврстото партнерство и заедничките заложби за креирање модерни услови за живот на граѓаните.

За време на работниот состанок, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ги презентираше клучните капитални инвестиции и стратешките приоритети на локалната самоуправа. Посебен акцент беше ставен на инфраструктурниот развој, унапредувањето на општинските услуги, како и на креирањето инклузивни политики кои гарантираат стабилност и просперитет за сите жители на Кисела Вода.

-Поддршката од Соединетите Американски Држави е од суштинско значење за јакнење на капацитетите на локалните институции и за спроведување на процесите кои водат кон унапреден животен стандард. Оваа средба е силен мотив за понатамошно продлабочување на нашата соработка, преку размена на добри практики и реализација на проекти кои значат сигурна иднина за нашата заедница- истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Официјалната посета на амбасадорката Варнс е уште еден силен показател за важноста на континуираната комуникација и партнерскиот однос, кои директно придонесуваат кон севкупниот напредок и развој на општината.

To top