Со возилото наменето за наноси од снег кое го набавивме минатата година, фрлена беше сол на критичните точки, информираат од општина Ѓорче Петров.
-Опфатени беа мостот во Даме Груев кон Волково, патот до с.Кучково и кон населеното место Никиштане.
Општина Ѓорче Петров е целосно подготвена за зимските денови. Неопходно е на ваков начин навремено да делуваме од евентуално замрзнување на улиците, поради снегот во комбинација со ниските температури.
Службата е се уште на терен и ќе биде активна и во текот на ноќта и доколку се јави дополнителна потреба.
Безбедноста на граѓаните ни е на прво место. Улиците мора да бидат безбедни за движење и сообраќање, додаваат од општината.