Поради дефект на водоводна цевка Ф80 мм на бул. „Македонско-косовска бригада“ бб. прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од овој булевар и краковите 17 и 19, а дел од корисниците од булеварот ќе имаат намален притисок.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 10:20 часот до завршување на работните активности.
Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф 1“ на улица „Партизански пат“ 94, со прекинато водоснабдување се и корисниците од таа улица. Водоснабдувањето е прекинато од 9:30 часот до отстранување на дефектот.