Прекин во водоснабдувањето денска од 9:20 часот имаат корисниците на неколку улици во општина Карпош.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје прекин ќе имаат корисниците од следните улици: „Софиска“, „Његошева“, „Бриселска“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“, „Столхомска“ и „Гаврил Лесновски“.
Прекинот е поради замена на затварач (шибер) ф 100мм и ќе трае до завршување на работните активности.