На ден 05.10.2025 поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм. на улица Франце Прешерн 100Д во н.Влае со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, а останатот дел од градот ќе биде со намален притисок.
Во дел од Влае поради дефектот има поплава.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја потврдуваат информацијата за дефектот и велат дека екипите се на терен и работат на негова санација.
-Поради тоа, без водоснабдување се повеќе општини, меѓу кои Влае и Ѓорче Петров, прецизираат од ЦУК