Поради неколку дефекти, делови од скопската територија утрово се без вода за пиење, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето им е прекинато на корисниците од улиците „Љуботенски пат“, дел од „Баница“ од број 1 до број 23, како и од село Морани.
Засегнатите ќе бидат без вода за пиење, сѐ до завршување на работните активности.